Англискиот премиерлигаш Хал сити и официјално потврди дека потпиша нов договор со тренерот Сергеј Јакировиќ, кој прави чуда со екипата откако седна на клупата.
Со новиот договор, Јакировиќ ќе остане на клупата на Хал сити со летото 2028 година, со можност соработката да се продолжи за уште една година.
„Од првиот момент кога пристигнав почувствував огромна поддршка од клубот и од навивачите. Хал го сметам за свој дом и пресреќен сум што нашата приказна продолжува. Влегувањето во Премиер лигата е остварување на мојот сонот. На стартот од сезоната покажавме дека можеме да се носиме со најдобрите и дека сме опаси за секој противник. Ќе продолжиме да работиме напорно за да ги направиме горди нашите навивачи, изјави Јакировиќ по потпишувањето на новиот договор.
Јакировиќ на клупата на Хал сити седна во јуни 2025 година и во дебитантската сезона успеа да направи чудо. Тимот кој се бореше за опстанок во Чемпионшип дивизијата, успеа да го внесе во Премиер лигата.
Кам-бекот во Премиер лигата по една деценија беше фанстастичен за Хал сити, сезоната беше отворена со историска победа над Манчестер Јунајтед (2:0) прва по пауза од дури 52 години. Потоа Хал сити славеше и во второто коло над Ковентри со 1:0. Вечерва има шанса да ја продолжи серијата победи во дуелот пред своите гледачи против Астон Вилс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
