Халанд е „гол-машина“, страв и трепет за ривалите – Меси, Роналдо и останатите се далеку зад „милионерот“

Ерлинг Халанд е „чудо од дете“, апсолутен доминатор во противничкиот шеснаесетник, а суперталентираниот ас на Борусија Дортмунд бележи бројки што се досега незапамтени во Лигата на Шампионите, далеку подобри од оние на Лео Меси и Кристијано Роналдо коа двајцата најдобри играчи на денешницата ги почнуваа своите кариери.

Халанд досега има одиграно 17 натпревари во ЛШ (во дресот на Салцбург и на Борусија Дортмунд), притоа постигнувајќи дури 21 погодок. За споредба, најблиску до Норвежанецот во оваа категорија се Карим Бензема и Руд ван Нистелрој, кои во првите 17 средби во елитното европско натпреварување реализираа по 12 погодоци. За споредба, Меси и Ибрахимовиќ на своите први 17 средби во ЛШ имаа само по шест гол, а Кристијано Роналдо, кој е најдобар стрелец во ЛШ, немаше ниту еден единствен погодок во првите 17 средби во ова натпреварување.

Неверојатната серија почна на дуелот меѓу Салцбург и Генк, на кој Ерлинг дебитираше со хет-трик во елитното натпреварување. Бројките продолжија да растат и по трансферот во Борусија Дортмунд, каде Халанд блеска подеднакво и во ЛШ и во Бундес-лигата. Тој заедно со Килијан Мбапе е предводник на новата генерација на светски фудбалски суперѕвезди, а фактот дека следното лето е достапен за сума од 75 милиони евра го прави еден од најпосакувните фудбалери во светот.

Каде ќе заврши во моментов не знае никој, се споменуваат Јунајтед, Сити, Барселона, Јувентус… а оној кој ќе успее да ја добие оваа трка, ќе го реши голгетерското прашање во своите редови за долго, долго време.

Се вчитува...