Халанд е „златно момче“ за 2020 година

Асот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд е добитник на наградата „Златно момче“ што вообичаено се доделува на најдобриот млад фудбалер во светот. Италијанскиот весник „Тутоспорт“ е организатор на ова признаание, почнувајќи со листа од 100 најдобри млади играчи која постепено се намалува за по 20 фудбалери.

Халанд годинава имаше жестока конкуренција во соиграчот Џејдон Санчо, потоа Ансу Фати од Барселона и Мејсон Гринвуд од Манчестер Јунајтед. Сепак, извонредните настапи на Норвежанецот во дресот на Салцбург и на Борусија Дортмунд придонесоа тој да ја победи конкуренцијата. Халанд постигна вкупно 44 гола во текот на сезоната 2019/2020, а продолжи со добри игри и на стартот од новата сезона.

Хааланд ја продолжува низата на извонредни фудбалери кои ја добиваат оваа престижна награда, што заврши во рацете на Килијан Мбапе во 2017, кај Матијс де Лихт во 2018 и кај Жоао Феликс во 2019 година.

Се вчитува...