Халанд избран за најдобар фудбалер во Бундеслигата за месец август

Норвешкиот напаѓач на Борусија Дортмунд, 21-годишниот Ерлинг Халанд е прогласен за најдобар играч во германското првенство за месец август. Во последниот месец од летото, Халанд успеа да постигне хет-трик на натпреварот против Ајнтрахт Франкфурт (5-2), а погоди и на мечот со Хофенхајм (3-2).

Инаку, тимот на Борусија оствари две победи во месец август, но забележа и еден пораз од Фрајбург (1-2), исто така, загуби во германскиот Суперкуп против Баерн (1-3).

Ерлинг Халанд се пресели во Борусија од РБ Салцбург во јануари 2020 година. Договорот на Норвежанецот со оваа екипа важи до 30 јуни 2024 година. Во сезоната 2020/2021, напаѓачот одигра 40 натпревари за Борусија, во кои постигна 40 гола и 11 асистенции. Неговата пазарната вредност во моментов се проценува на 130 милиони евра.

Се вчитува...