Халанд ја честеше цела репрезентација бургери по победата над Естонија (ВИДЕО)

Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд, ги честеше сите вработени во репрезентацијата на Норвешка, по пласманот на селекцијата на идниот Мундијал. По мечот камерите го „уловија“ голгетерот како купува бургери од најблиската сендвичара.

„Силна изведба од капитенот“, коментираше норвешкиот играч од средниот ред Сандер Берге.

Норвешка формално не е пласирана на Мундијалот, меѓутоа во последното коло на гостувањето во Италија треба да загуби со 9-0, за да не го освои првото место, што е тешко за верување дека ќе се случи едно такво сценарио.

Се вчитува...