Халанд ја „среди“ Севилја, па му заблагодари на Мбапе

Во првиот натпревар од двомечот во осминафиналето од Лигата на Шампиони, Борусија Дортмунд забележа победа од 3-2 на гостувањето во Шпанија против Севилја благодарение на сјаниот Ерлинг Халанд.

Норвежанец постигна два гола со што стигна до бројката од осум постигнати погодоци во ЛШ оваа сезона и се искачи на првото место на голгетерската табела пред Рашфрод, Нејмар и Мората кои имаат постигнато по шест гола.

По натпреварот 20-годишникот изјави дека инспирација за одличната партија му бил Мбапе и неговиот хет-трик на мечот против Барселона.

„Обожавам да играм во Лигата на Шампиони, а ме инспирираа трите гола на Мбапе на „Камп Ноу“. Му благодарам. Тоа беше прекрасна ноќ. Тренерот Терзиќ одработи одлично, многу говоревме за натпреварот. Ми кажа дека знае дека ова ќе биде моја ноќ и беше во право. Тоа беше многу значајна победа“ – изјави Халанд по средбата.

 

Се вчитува...