Ерлинг Халанд постигна четири погодоци на вчерашното гостување против Херта, по што 20-годишниот голгетер му го препушти своето место на теренот на 16-годишниот Јусуфа Мукоко. Станува збор за играч кој е вистинско „чудо од дете“, гол-машина на натпреварите во пониските лиги за вториот тим на Борусија Дортмунд, по што како награда беше прекомандуван во првата екипа од тренерот Лусијан Фавр.
Комплименти за квалитетите на тинејџерот пристигнуваат од сите страни, тренерот и соиграчите се воодушевени од ова момче, за што најдобро говори изјавата на Халанд веднаш по мечот во Берлинг.
„Многу би сакал да заиграм крај Мукоко. Тој е најголем талент во светот на фудбалот, без конкуренција. Има 16 години и еден ден, а игра извонредно. Среќни сме што го имаме, пред себе сигурно ќе има блескава кариера. Слободно можам да кажам дека е многу подобар од мене кога бев на таа возраст“, истакана Халанд.
Мукоко досега има одиграно 88 средби за младинските екипи на Борусија Дортмунд, притоа постигнувајќи 141 гол. Сезонава тој настапи на четири меча за тимот на Борусија за играчи до 21 година, постигнувајќи 13 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА