Халеп ги дочека своите пет минути и му врати на Кирјос за сите напади!

Поранешната светска тенисерка број еден, Симона Халеп, не му остана должна на Ник Кирјос откако Австралиецот објави дека паднал на допинг-тест поради присуство на метаболити на кокаин. Кирјос соопшти дека неговиот примерок, земен на 22 јуни за време на турнирот на Мајорка, бил позитивен на бензоил-екгонин – метаболит на кокаинот.

Поради тоа, му беше изречена задолжителна привремена суспензија, која стапи на сила на 4 август. Австралиецот ја презеде одговорноста за своите постапки и им се извини на семејството, навивачите и спонзорите, но истовремено изјави дека изминатите години, бројните повреди и приближувањето кон крајот на кариерата тешко му паднале.

„Направив голема грешка и целосно ја преземам одговорноста за неа. Нема да барам изговори“, рече Кирјос.

Неговиот случај е особено интересен поради начинот на кој претходно зборуваше за допингот кај другите тенисери. Кога Халеп беше суспендирана поради прекршок поврзан со допинг во 2023 година, Кирјос јавно ја нападна и изјави дека играчите не треба да земаат „сомнителни супстанции“.

Сега Романката му возврати и тоа на многу симболичен начин. Халеп објави фотографија од шише „Кока-кола“ и еден куп банани на Инстаграм, очигледно алудирајќи на претходните зборови на Кирјос дека „живее од банани и Кока-кола“ за време на исцрпувачките мечеви.

Набрзо потоа, таа објави порака што дополнително ги разгори реакциите.

„Никогаш не удирај некој што е веќе на земја. Животот има чуден начин да ги менува улогите, а уште почуден начин да ја покаже разликата меѓу несреќата и изборот“, напи

Се вчитува...