Халер се согласил за трансфер во Дортмунд, Борусија преговара со Ајакс

Себастијан Халер е блиску до преселба во Дортмунд, откако самиот голгетер дал зелено светло да го облече дресот на Борусија Дортмунд.

Германскиот вицепрвак бара замена за Ерлинг Халанд, а изборот паднал над Халер, кој имаше импресивна сезона зад себе и во Лигата на шампионите, и во холандскиот шампионат во дресот на Ајакс.

Веројатно цената ќе достигне 35 милиони евра, со што Халер веројатно повторно ќе се врати во Германија, откако играше во Ајнтрахт од 2017 до 2019 година, пред да замине во Премиер-лигата.

Халер во 49 настапи за Ајакс, постигна 32 гола.

Се вчитува...