Халил Јагањац му се приклучи на Металург

Хрватскиот репрезентативец Халил Јагањац од денеска му се приклучи на Металург во подготовките за новата сезона.

Јагањац беше дел од репрезентација на Хрватска на младинското ЕП во Словенија, но поради повреда не настапи на последните три натпревари со својата репрезентација. Од Металург доби неколку дополнителни денови за одмор после ЕП и поради тоа со мало задоцнување му се приклучува на тимот на подготовките во Маврово.

Во меѓувреме, актуелно беше и прашањето дали Хрватот ќе остане во составот на Металург за следната сезона. За Јагањац беа заинтересирани неколку други клубови, пред се ППД Загреб кој сега од клупата го предводи Лино Червар.

Како што се одвиваат работите, Јагањац засега останува во Металург со кој лани потпиша тригодишен договор.

Се вчитува...