Супердраматичен натпревар се одигра попладнево во Хамбург, каде екипата на Хамбургер по огромна битка успеа да слави над Волфсбург, со што го обезбеди опстанокот во Бундес-лигата. Домаќините делуваа како да се наоѓаат на работ на амбисот откако Волфсбург прв поведе преку Кнохе, на 1-1 уште во првото полувреме израмни Костиќ, но потоа Хамбургер делуваше безидејно во потрагата по победнички гол.
А тогаш дојде 88. минута, кога по една дијагонала кон левата страна следеше одличен центаршут, на вториот дирек фантастично се снајде Џанлука Валдшмит, кој со прецизен удар со глава го матираше голманот на Волфсбург.
Тој е херојот чие име се слави по обезбедениот опстанок, додека Волфсбург по денешниот пораз падна на 16. место и ќе разигрува за учество во Бундес-лигата со третопласираната екипа од Втората лига.
Gian-Luca Waldschmidt Goal Hamburger SV 2 – 1… by Score5
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА