Хамес Родригез веќе наполни 35 години, но колумбискиот ветеран не планира да ја заврши кариерата по истекот на краткорочниот договор што го имаше со Минесота во МЛС-лигата.
Последните информации поврзани со големиот ас говорат дека тој ќе се врати назад во европскиот фудбал, но изненадувачки – во италијанската Серија Б. Авелино е тимот што веќе води интензивни преговори со Хамес, кој во следните денови би требало и официјално да пристигне на Апенинскиот полуостров, на лекарски прегледи и потпис со новиот клуб.
Тренер на овој клуб е Алесандро Неста, а токму легендарниот дефанзивец инсистира на доаѓањето на Колумбиецот како клучна фигура за остварување на целта – влез во Серија А.
Авелино моментно се наоѓа на седмото место во серија Б, но со само три бода заостанување во однос на водечкиот Палермо.
Доколку овој трансфер се реализира, Хамес Родригез ќе биде еден од ретките фудбалери кои имал шанса во кариерата да игра во Англија (Евертон), Шпанија (Реал Мадрид и Рајо Ваљекано), Германија (Баерн Минхен), Франција (Монако) и во Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
