Хамилтон до Фетел: Ако е маж нека излезе од болидот и нека дојде…

Ривалството меѓу Луис Хамилтон и Себастијан Фетел трае од почетокот на сезонава, но сериозно се разгоре по денешниот судир за време на трката во Баку, откако Германецот се удри во возачот на Мерцедес додека на патеката се наоѓаше сигурносно возило. Фетел го обвини Хамилтон дека намерно забавил при еден свиок и со тоа тој го предизвикал судирот, по што следеше бесен одговор од страна на Британецот.

Јас не забавив ништо повеќе отколку претходниот круг на истиот свиок. Ако тој сака да покаже дека е маж, може да излезе од болидот и да дојде кај мене… Вака, со своето однесување е опасен по себе, но и по останатите возачи. Среќа е што не се движевме брзо, инаку ситуацијата можеше да биде многу поопасна, ударите одзади при големи брзини знаат да имаат страшни последици“ – изјави Хамилтон.

Британецот ја заврши трката како петтопласиран, незадоволен што Фетел и покрај утврдената вина од страна на стјуардите беше казнет со само десет секунди.

На сите им е јасно што се случи – тој за момент „заспа“ зад воланот и потоа се удри во мене. Се знае кој е виновен, ова е сериозен инцидент, а тој е казнет со десет секунди и завршува четврти, откако го онеспособи мојот болид. Сакам некој да ми објасни како е тоа можно“ – критичен беше Луис Хамилтон кон стјуардите на трката во Азербејџан.

Се вчитува...