Луис Хамилтон е освојувач на пол-позицијата за спринт трката за Големата награда на Велика Британија која што се вози на Силверстоун. Британецот до пол-позиција на домашен терен стигна за 11 илјадити делови од секундата подобро време од Кими Антонели кој заврши втор. Од вториот стартен ред ќе тргнат Ферстапен и Леклер.
Во топ 10 уште се најдоа и: Расел, Норис, Пјастри, ХАџар, Лосон и Линбланд.
Спринт трката и главните квалификации се закажани за утре, додека главната трка за ГН на Велика Британија е закажана за во недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
