Хамилтон до пол-позицијата, Алонсо во Топ 10

Луис Хамилтон ќе стартува од првото место на утрешната трка за ГН на Шпанија откако Британецот стигна до пол-позицијата на денешните квалификации.

Возачот на Мерцедес доминираше од самиот старт на квалификациите, остварувајќи најдобро време и најавувајќи ја кандидатурата за нов триумф на патеката „Каталуња“. Себастијан Фетел, кој е лидер во генералниот пласман, возеше одлично при „летечкиот круг“ но и тоа беше недоволно за да се надмине Хамилтон, па Германецот утрешната трка ќе ја стартува од втората позиција.

Од вториот ред исто така ќе стартуваат Мерцедес (третопласираниот Ботас) и Ферари (Раиконен на четвртата позиција), а за одбележување е дека за првпат сезонава Фернандо Алонсо успеа да се пласира во последните квалификации, па Шпанецот ќе ја стартува утрешната трка од одличното седмо место.

Се вчитува...