Хамилтон и Антонели добија казна пред ГН на Унгарија

Луис Хамилтон и Кими Антонели добија казна од три позиции во Унгарија. Хамилтон поради попречување на Оскар Пјастри за време на квалификациите, па наместо од втората, трката на „Хунгароринг“ ќе ја започне од петтото место.

Седумкратниот шампион ја имаше „пол-позицијата“ во свои раце пред последниот круг и привремено го зазеде првото место, но Ландо Норис извозе одличен круг и со предност од 12 илјадитинки го престигна својот сонародник, искачувајќи се на првото место по првпат оваа сезона. Сепак, набрзо стана јасно дека потегот на Хамилтон дополнително ќе се истражува и дека тој би можел да заврши на уште полоша позиција.

Водечкиот во генералниот пласман, Кими Антонели, го постигна четвртото најдобро време, но и тој беше казнет со поместување за три места наназад бидејќи не „забавил доволно“ во свиокот 14  додека беше истакнато жолтото знаме.

Се вчитува...