Луис Хамилтон го освои четвртото место во денешните квалификации за пол-позицијата за ГН на Монако, но британскиот возач сепак утрешната трка ќе ја стартува од седмата позиција.
Причина – казната што му беше изречена на Британецот по квалификациите откако стјуардите утврдија дека Хамилтон ги прекршил правилата. Конкретно, возачот на Ферари е санкциониран бидејќи му пречел на Макс Ферстапен додека актуелниот светски првак се обидувал да стигне до што подобро време.
ТВ-снимките покажаа дека Хамилтон бавно се повлекува од патеката додека Ферстапен беше во својот „летечки круг“, по што беше донесена одлука Британецот да биде санкциониран со губење на три позиции на стартот на неделната трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА