Хамилтон ќе стартува од пол – позицијата на Силверстоун

Британскиот возач Луис Хамилтон ќе стартува од пол – позицијата на домашната трка за ГН на Велика Британија на патеката „Силверстоун“. Тој на денешните квалификации оствари најдобро време, иако се наоѓа и под истрага на стјуардите поради задржувањето на Грожан. Од првиот ред ќе стартува и Кими Раиконен.

Од третото место на утрешната трка ќе тргне Себастијан Фетел, веднаш до него ќе биде Макс Верстапен, а Валтери Ботас доби казна од пет позиции и ќе стартува како деветти.

Хамилтон стартуваше од пол – позицијата и на претходните две трки на Силверстоун, а во моментот има 20 бода негатива во генералниот пласман во однос на Себастијан Фетел.

Се вчитува...