Хамилтон на „Фетел диета“, загубил два килограми на трката во Барселона

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, откри колку тешка била битката со Себастијан Фетел од Ферари за победата на денешната трка во Барселона за ГН на Шпанија. По исцрпувачката трка на патеката „Каталуња“, Хамилтон загубил два килограми од својата тежина.

Фетел кој сартуваше од втората пол позиција зад Хамилтон, направи се во текот на трката да го сопре Британецот на патот до подиумот, но Хамилтон го издржа притисокот. Со победата во Барселона тој ја намали разликата во генералниот пласман на само шест бода зад водечкиот Фетел.

„Стартот не ми беше многу добар и Фетел излезе пред мене. Потоа на излегувањето од првиот бокс со Себ се туркавме малку, но за среќа на двајцата, избегнавме повреди и испаѓање. Мерцедес денеска изработе добра тактика и успеавме да се вратам на лидерската позиција и на крајот да славам победа“ – изјави Хамилтон по завршувањето на трката.

Британскиот возач нагласи дека ова била една од најтешките трки сезонава за што голема заслуга му припадна и на Фетел. А, неизвесноста од стартот до целта, дополнително ги исцпела силите на возачите.

„Физички ова беше исцрпувачка трка. Така е секоја година овде, но сега болидите се побрзи во свиоците, а оптоварувањето за возачите е уште поголемо. На вагата по трката во Барселона видов дека сум загубил два килограми. Ова беше трка на која мора да останеш концентриран од стартот до крајот. Фетел исто така имаше неверојатна трка и треба да го поздравиме тоа. Битката за првото место продолжува во полна сила на секоја наредна трка“ – истакна Луис Хамилтон.

Се вчитува...