Хамилтон најбрз на Каталуња и ја запиша првата победа со Ферари

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон го освои првото место на патеката Каталуња, за ГН на Барселона, Шпанија.

Британецот беше прв со околу 20 секунди предност пред Расел. Трет беше Норис, а четвртото место му припадна на Ферстапен. На петтото место се искачи Пиастри.

Трката беше драматична, затоа што Кими Антонели се откажа на три круга пред крајот, додека Леклер се соочи со проблеми и мораше да менува гуми.

Хамилтон го презеде водството во 39. круг, и не го испушти до крајот на трката.

 

Се вчитува...