Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, експресно ги демантираше пишувањата во медиумите дека барал кадровски промени во Ферари и дека неговиот однос со шефот на тимот, Фред Васер, е нарушен.
Преку директно обраќање на социјалните мрежи, британскиот возач ги нарече шпекулациите на италијанските медиуми „целосно невистинити“. Хамилтон нагласи дека има максимална доверба во раководството и во моменталниот персонал на тимот од Маранело. тој додаде дека неговиот однос со Васер е одличен и дека двајцата се целосно фокусирани на заедничкиот проект за враќање на Ферари на шампионските патеки.
„Видов некои приказни што се појавија и сакам тука се да разјаснам. Никогаш не сум побарал да се замени било кој од моите луѓе. Сите со кои соработувам секојдневно работат напорно, а нивната посветеност е она што не води напред“, напиша Хамилтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
