Хамилтон: Очигледно во Ферари не постојат правила

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, предизвика криза во Ферари обвинувајќи ги челниците на тимот за „отсуство на правила“ во екипата, по инцидентот со неговиот колега Шарл Леклер на стартот од Големата награда на Италија во Монца.

На стартот од трката за Големата награда на Италија, во борбата за третото место, Хамилтон се обиде да ја мине првата шикана по внатрешната линија, но Леклер му го блокираше преминот. До физички контакт не дојде, но Хамилтон излета во зоната со чакал и падна на деветтото место. Сепак, по трката, седумкратниот шампион го критикуваше Ферари поради отсуството на тимски наредби.

„Овде нема правила. Изгубивме многу бодови во однос на Мерцедес. Со недели заостануваме, тешко е. Го давам максимумот, но понекогаш тоа не е доволно и потребни се и други работи за да успееме. Нема правила. Кога бев во Мерцедес, постоеше пишано правило. Никогаш не дојдовме до таа точка. Имаше неколку ситуации со Нико (Розберг) и мене, но во најголем дел сè беше во ред. Овде нема правила“, изјави Хамилтон. 

Се вчитува...