Хамилтон: Сите во Ферари сме Васер да остане прв човек

Возачот на Ферари во шампионатот во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, му даде поддршка на директорот на италијанскиот тим, Фредерик Васер, и изјави дека би сакал да види и други промени во структурата на тимот.

Хамилтон ја поздрави одлуката на Ферари јавно да застане зад Васер, по шпекулациите што се појавија откако поранешниот шеф на тимот Ред Бул, Кристијан Хорнер, изјави дека би сакал да работи за италијанската екипа.

„Мислам дека е добро што го направија тоа. Што се однесува до обединувањето на тимот, сметам дека ние веќе бевме обединети. Искрено, се чини дека надворешните фактори се многу негативни кон нас како тим и се обидуваат да ни го скршат духот, но не успеваат во тоа. Затоа, луѓето можат да продолжат со таа негативна приказна, но внатре во тимот сите напорно работат“, изјави Хамилтон.

Се вчитува...