Хамшик: Го натеравме Јувентус да се брани…

Марек Хамшик, кој го постигна израмнувачкиот гол за Наполи на дуелот со Јувентус, изрази жалење што неговиот тим не успеал да стигне до целиот плен против актуелниот првак на Италија. Словачкиот интернационалец смета дека „наполитанците“ можат да бидат горди на начинот на кој одиграле, бидејќи како никој досега во Италија го натерале Јуве на тотална дефанзива.

Заслуживме повеќе од еден бод, но мораме да бидеме горди на себе. Сите видовте како се бранеше Јувентус, не му оставивме простор да нападне. Резултатот можеше да биде подобар, но мораме да бидеме задоволни од играта, која ќе ни даде дополнителен оптимизам пред наредните предизвици“ – изјави Хамшик.

Капитенот на Наполи не сакаше да коментира на темата „Гонзало Игуаин“ откако Аргентинецот беше исвиркуван буквално при секој допир со топката на стадионот во Неапол.

Игуаин во трите години овде даваше се од себе на секој натпревар. Потоа… не раззмислувам за него, размислувам само за Наполи“ – порача Марек Хамшик.

Наполи и Јувентус повторно ќе се сретнат в среда во реваншот од полуфиналето во Купот на Италија, мечот повторно ќе се игра во Неапол, а Јуве има предност од 3-1 од првиот натпревар во Торино.

Се вчитува...