Хамшик: Заминуваме со високо кренати глави…

Наполи се покажа во добро издание на вечерашниот реванш со Реал Мадрид, но неискуството на „големи натпревари“ придонесе „наполитанците“ да промашат неколку шанси при водство од 1-0, па потоа да бидат казнети со три примени гола во второто полувреме. „Сино-белите“ само два пати сезонава во ЛШ губеле мечеви на кои први постигнале гол, и двата во овој осминафинален двомеч со Реал Мадрид.

Заминуваме од Лигата на шампионите со високо кренати глави. Во првото полувреме покажавме дека можеме да се надигруваме со еден од најдобрите тимови во светот, дури и да бидеме подобри од него. Штета е што примивме два гола по корнери, но останува гордоста што увидовме дека можеме да се бориме со тимовите од самата европска елита“ – истакна капитенот Марек Хамшик.

На „наполитанците“ сега им останува домашното првенство, каде водат битка со Рома за второто место на табелата.

Се вчитува...