Хандановиќ во Интер до крајот на кариерата

Словенечкиот голман Самир Хандановиќ ќе остане во Интер до крајот на кариерата. Клубот сака да ја продолжи соработката со 34-годишниот чувар на мрежата, кој веќе шест сезони е на голот на „нероаѕурите“. Новата соработка би имала важност и за наредните три сезони, по што Хандановиќ најверојатно и ќе ја заврши кариерата.

Во меѓувреме, Интер сака во своите редови да го врати и младиот романски интернационалец Јонут Раду, кој е испратен на позајмица во Џенова.

 

Се вчитува...