Ханси Флик е „заљубен“ во Елмас – „Тој е одличен фудбалер кој многу ми се допаѓа“

Германија утре ќе и гостува на Македонија во натпревар од 8. коло во квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар. Германците доаѓаат во Скопје само со една мисла, а тоа е одмазда за поразот на првиот меч во Дуизбург со 1-2.

Сепак, селекторот на „панцирите“, Ханси Флик вели дека ова нема да биде лесен натпревар, бидејќи Македонија има одлична репрезентација. Тој додаде дека премногу му се допаѓа како игра Елјиф Елмас.

„Го очекувам со нетрпение натпреварот против Македонија, која откако има нов селектор нема загубено натпревар. Навистина играат убав фудбал. Морам да го издвојам Елјиф Елмас кој игра во Наполи. Многу ми се допаѓа како играч. Во Наполи прикажува одлични партии, а ни даде гол на првиот меч во Дуизбург“, изјави Флик.

Натпреварот меѓу Македонија и Германија ќе се игра утре на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...