Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изјави дека Педри ќе се врати на теренот на натпреварот против Алавес, додека капитенот Роналд Араухо нема да игра поради проблеми со стомакот.
Педри го одигра својот последен натпревар на 26. октомври против Реал Мадрид, по што ја повреди левата нога, а Флик изјави дека шпанскиот фудбалер ќе игра утре, но нема да биде стартер. Тренерот на Барселона додаде дека Араухо нема да може да му помогне на тимот поради проблеми со стомакот.
Фудбалерите на Барселона ќе го пречекаат Алавес во 14. коло од Ла Лига утре од 16.15 часот. Барселона е на второто место на табелата во шпанското првенство со 31 бод, додека лидерот Реал Мадрид има 32.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

