Барселона се враќа на „Камп ноу“, а во тимот на Ханси Флик ќе се вратат двахца важни фудбалери. Каталонците ќе го пречекаат Атлетик Билбао, а Џоан Гарсија и Рафиња се враќаат во тимот.
„Џоан Гарсија ќе брани утре, тој е целосно подготвен. Рафиња се опорави, сметаме на него, ќе влезе во второто полувреме, ќе видиме дали ќе игра 10 или 20 минути. Педри сè уште не е со нас, но ќе биде во составот за неколку дена. Нема да брзаме со него, одиме чекор по чекор, но впечатоците се добри. Рашфорд има грип, не тренираше два дена, ќе видиме како се чувствува утре“, рече Флик.
Посебна тема е Ламин Камал кој, поради терапијата што ја доби од медицинскиот тим на Барселона, беше принуден да ги прескокне репрезентативните натпревари.
„Јамал одлично ја врши работата и верувам дека е подготвен за утре. Многу сме задоволни од неговиот став и напорната работа за решавање на сите непријатности“, рече Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

