Хаос и анархија: Нигеријците го „превртеа стадионот“ по елиминацијата во баражот за СП (ВИДЕО)

Ремито против Гана со 1-1 во реванш средбата од ждрепката за пласман на Светското првенство во Катар значеше и елиминација на Нигерија, афричката велесила која од последните седум пропушти само еден Мундијал.

Нигерија потфрли на домашен терен пред 60 илјади навивачи, а истите елиминацијата на својата држава не ја прифатија добро па веднаш по завршувањето на мечот втрчаа на теренот и предизвикаа вистински хаос.

Навивачите кршеа се пред себе од столици, реклами до клупта за резерви па полицијата мораше да употреби и солзавец, а фудбалерите на Нигерија спасија жива глава со бегање во соблекувалната.

Се вчитува...