Хаос на мечот Чукарички – Партизан, натпреварот прекинат (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Чукарички и Партизан, кој воедно е битка за второто место кое носи место во квалификациите за ЛШ следната сезона, е прекинат и не е доигран поради хаосот кој го направија навивачите на „црно-белите“, откако се степаа со полицијата.

Најпрво беше прекинат, и беше побарано источната трибина од стадионот на Чукарички да се испразни. Меѓутоа тоа не беше сторено, а потоа едно столче полета на теренот, по што судиите наредија прекинување. Во меѓувреме дојде и до жестока пресметка помеѓу навивачите и полицијата. Неколку лица се уапсени.

Навивачите на Партизан бараа оставка од целото раководство на клубот. Натпреварот ќе продолжи утре во 18 часот без публика.

Фановите на „црно-белите“ се револтирани после бруталната акција на полицијата. Тие велат дека полицијата употребувала прекумерна сила врз навивачите.

Се вчитува...