Фудбалерите на Манчестер Јунајтед дополнително ја закомпликуваа ситуацијата на „Олд трафорд“ по лошите резултати сезонава и во моментите кога управата сериозно размислува за отказ за менаџерот Мајкл Карик, тие избраа страна.
Според англиските медиуми, фудбалерите на Јунајтед не сакаат Карик да добие отказ.
„Фудбалерите на Манчестер Јунајтед застана зад Мајкл Карик и поддршката на Лисандро за менаџерот. Играчите тоа го примија добро“, се извештаите на англиските медиуми за случувањата на „Олд трафорд“.
Ситуацијата дополнително се закомпликува по поразот од Атлетико Мадрид (2:0) во Лигата на шампионите, кога по натпреварот, дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Лисандро Мартинез, јавно пред ТВ камерите ја нападна управата.
Но, медиумите пишуваат дека поддршката на фудбалерите нема да влијае премногу на одуката на управата на Манчестер Јунајтед.
Челниците се разочарани од резултатите сезонава и најверојатно по следниот неуспех, Карик би добил отказ, а како можни наследници се споменуваат Антонио Конте и Фабијан Хурцелер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
