Хаос на шампионското славје на Ц. Звезда: Фудбалерите сами си го запалија автобусот (ФОТО + ВИДЕО)

Славјето на шампионската титула за фудбалерите на Црвена Звезда се претвори во вистински хаос откако нивниот славенички автобус се запали на патот меѓу стадионот “Рајко Митиќ“ и храмот “Св. Сава“.

Во отворениот туристички автобус избувнал пламен, кој според информациите е предизвикан од некој од лицата или фудбалерите кои биле внатре во автобусот а кои за цело време на патот држеле запалени пиротехнички средства. За среќа сите комплетно безбедни го напуштиле автобусот по што пожарникарски коли успеале да го изгаснат огнот.

По мечот со Вождовац, играчите и стручниот штаб на Црвена Звезда се појавија во отворениот автобус веднаш со песна испратени од повеќе илјади навивачи… Веднаш беа запалени и баклите, па откако автобусот се запали настана комплетен хаос и прославата беше прекината.

Прославата требаше да биде продолжена кај храмот „Св. Сава“ а потоа да заврши и на Калемегдан. Но, ништо од тоа…

По мечот со Вождовац во кој „црвено-белите“ славеа со 5-1, Црвена Звезда го доби трофејот за оваа сезона по што на стадионот „Рајко Митиќ“ имаше и голем огномет.

Се вчитува...