Мартина Навратилова, една од најголемите легенди на светскиот тенис, ги критикуваше организаторите на Отвореното првенство на САД за доцното завршување на натпреварот меѓу Карлос Алкараз и Бен Шелтон.
Американецот и Шпанецот одиграа маратонски натпревар кој траеше четири часа и 28 минути, а заврши во 3:34 часот наутро, поставувајќи нов рекорд на Отвореното првенство на САД за најновиот финиш во 145-годишната историја на турнирот.
Доцните финиширања во Њујорк не се ништо ново. Во 2022 година, Алкараз играше против Јаник Синер до 2:50 часот наутро, што до овогодинешниот турнир беше рекордна саатница во историјата на натпреварувањето.
Сепак, овогодинешниот УС Опен отиде чекор понатаму. Дури четири натпревари завршија по два часот наутро, додека во неколку други случаи играта траеше по еден часот по полноќ.
Проблемот е дополнително претставен од фактот дека некои натпревари дури и не започнуваат во разумно време. Дуелот меѓу Шелтон и Алкараз започна дури по 23 часот, додека Венус Вилијамс го започна својот натпревар од првото коло против Софија Кенин дури по полноќ. Таа средба заврши кратко по два часот наутро.
Кое е решението?
Навратилова верува дека распоредот на вечерните сесии достигна точка каде што се неопходни промени. Навратилова предложи вечерната програма на централниот стадион да се ограничи на еден натпревар во сингл, со еден дуел во конкуренција на двојки.
„Ова не е во ред и не е нормално. Во ниту еден друг спорт натпреварот не може да започне ниту во 11 часот наутро ниту во 11 часот навечер. На еден ист настан…“ – рече Навратилова.
Тим Хенман, поранешен британски тенисер, а денес аналитичар на Отвореното првенство на САД, е на слично мислење.
Хенман верува дека вечерните сесии мора да останат дел од турнирот бидејќи тие се еден од заштитните знаци на Њујорк и важен дел од деловниот модел на организаторите. Сепак, тој предлага воведување на еден вид „заштитено време“ за почеток на натпреварите.
It’s 10 pm in NYC and Pegula and Navarro are going 3 sets
Wonder if they’ll move Alcaraz and Shelton to Armstrong? 😉 https://t.co/sV8AdqgooK
— Christopher Clarey 🇺🇸 🇫🇷 🇪🇸 (@christophclarey) September 9, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
