ХАОС ПО МЕЧОТ: „Кралевите“ гневни на Винчиќ, Ѓулер доби црвен картон (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен се пласираа во полуфиналето во Лигата на шампионите, откако вечерва во епски натпревар славеа со 4-3 на домашен терен против шпанскиот великан Реал Мадрид.

По мечот големо беше незадоволството кај играчите на гостинскиот тим кон главниот судија, Славко Винчиќ поради тоа што Словенецот во 86. минута му даде втор жолт картон на Едуардо Камавинга.

Сите фудбалери по последниот свиреж му се стрчаа на Винчиќ, а најбрутален беше Арда Ѓулер кој доби директен црвен картон.

Се вчитува...