Натпреварот меѓу Вардар и Арсими со кој треба да се заокружи новата прволигашка рунда мина во мирна битка на теренот, но затоа неочекувани искри се појавија на трибините, што придонесе дуелот да биде во прекин петнаесетина минути.
Домашните навивачи „Комити“ најавија дека овој дуел ќе го искористат за да го искажат јасно ставот против управата на чело со Миленко Неделковски, откако неколку члена на оваа група на последниот домашен меч наводно биле нападнати од блиски соработници на претседателот на „црвено-црните“.
Комити дојдоа вечерва на тренинг-комплексот при ФФМ, им дадоа поддршка на фудбалерите, но во неколку ситуации и јасно ставија до знаење што мислат за актуелното раководство на најтрофејниот македонски клуб.
За жал, страстите зовреа во вториот дел, кога вардаровите навивачи се обидоа и да влезат на теренот, но откако не успеаја во тоа целата група организирано го напушти стадионот.
Откако страстите се смирија, по прекинот од над 15 минути натпреварот продолжи…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
