ХАОС: Руските бомби ја уништија најголемата кошаркарска академија во Украина

Украинската кошаркарска федерација објави дека тотално е уништен комплексот Авангард кој е еден од најпрестижните кошаркарски академии во земјата. Спортскиот центар во Киев е лоциран до телевизиската куќа која беше цел на напад на руската армија.

Многу играчи тренираа токму во овој комплекс се до инвазијата на Русија, а голем број од младинските тимови токму тука ги играа своите натпревари. Сите кошаркарски натпреварувања во Европа и светот ја суспендираа Русија и ги исклучија нејзините клубови од европските натпреварувања.

ФИБА исто така и ја одзема кандидатурата на Русија за Евробаскетот 2025 година.

Се вчитува...