Организаторите на АБА-лигата стравуваат од инциденти на претстојните полуфинални дуели меѓу Партизан и Црвена Звезда, но сега се соочија со нов неочекуван проблем, откако Будуќност објави дека нема намера да патува на гостувањето против Дубаи.
Тимот на Дубаи обезбеди пласман во полуфиналето, по што побара домашните средби до крајот на сезонава да ги игра во својата сала, по смирувањето на тензиите во Иран поради кои Дубаи беше домаќин во Сараево.
Сепак, од Будуќност стигна експресна реакција, црногорскиот првак објави дека нема намера да патува за Дубаи од безбедносни причини, бидејќи целосно не е завршен воениот конфликт.
„По одржаниот состнаок со екипата и стручниот штаб, УО на КК Будуќност едногласно одлучи екипата да не патува во Дубаи. Одлуката е донесена првенствно поради безбедносни ризици, но и можноста за евентуално неодигрување на натпреварот, со што дополнително би се довела во прашање организацијата на завршниот и најважен дел од АБА-лигата“, објави тимот од Подгорица.
Првиот натпревар на кој Дубаи треба да биде домаќин е закажан за 20 мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
