Хаос во Австрија: ЛАСК казнет, сезоната ќе заврши, а нема да се знае кој е шампион

На австриската фудбалска сезона и се заканува хаос откако денеска беше изречена ригорозна казна на лидерот ЛАСК, кому му се одземени шест бода поради непочитување на протоколите за тренинзи. Уште пред неколку седмици беше објавено видео како сите фудбалери на ЛАСК тренираат заедно додека ова беше строго забрането од властите, а останатите тимови одржуваа тренинзи во мали групи.

По пријавата на останатите клубови денека беше изречена ригорозна казна – на ЛАСК му се одземени три бода, со што оваа екипа го загуби лидерското место од Салцбург. До моментот на прекинот ЛАСК имаше три бода повеќе од актуелниот првак Салцбург, кој сега е лидер со три бода позитива во однос на тимот од Линц.

„Она што го направи ЛАСК е огромен прекршок над целокупното фудбалско семејство. Мора да се земе во предвид дека фудбалерите треба да бидат пример за населението“, изјави Јоханес Вуцхофер од Австриската Фудбалска Федерација.

Сагата не завршува тука, раководството од ЛАСК објави дека во најскоро време ќе испрати жалба на оваа одлука. Се очекува за истата да се дискутира пред крајот на месец јуни од Арбитражната Комисија при Фудбалската Федерација, а доколку истата биде одбиена, овој клуб ќе се жали на независна арбитража. И таа процедура ќе трае уште најмалку еден месец, што би значело дека се големи шансите и по завршувањето на последното коло да не биде официјално познат шампионот на Австрија, во исчекување на последната одлука на независната арбитражна комисија, на крајот од јули.

Се вчитува...