Хаос во Белград: Четворица кошаркари на Партизан учествувале во тепачка

Четворица кошаркари на Партизан наводно учествувале во голема тепачка во Белград. Ноќта меѓу неделата и понеделникот се случил голем инцидент во Белград и тепачка во која, според непотврдени информации, актери биле кошаркарите на Партизан.

По пресметката две лица се со полесни повреди, додека едно лице се здобило со тешки повреди, дознава српски „Спортал“.

Наведениот портал наведува дека се работи за Карлик Џонс, Стерлинг Браун, Исак Бонга и Френк Ниликина.

„Ги провоцираа тие девојки само затоа што беа во друштво со кошаркари. Ми се чини дека ги навредуваа и на расна основа, односно ги нарекуваа девојките и ги прашуваа што прават со темнокожите момчиња. Потоа излегоа од клубот и ги чекаа кошаркарите надвор, каде што изби општа тепачка“, изјави еден од очевидците на „Спортал“.

Спортал понатаму го опишува инцидентот:

„Полицијата примила повик околу 5.30 часот и излегла на терен каде затекнала три повредени мажи М.К., Н.Ј. и Ј.К. Како што потврдија за Спортал, наведените лица веќе дале изјава во полиција и тврделе дека актери во конфликтот биле играчите на Партизан. Реагирала и Брзата помош, повредените млади момчиња се пренесени во Ургентниот центар М.К. и Н.К. скршен прст на кошаркарите“, пишува Спортал. 

За инцидентот се уште никој од Партизан официјално не се изјаснил.

 

Се вчитува...