Хаос во Белград: Дуљај ги нападна судиите, а потоа „Гробари“ ја каменуваа нивната соблекувална (ВИДЕО)

Фудбалерите на Партизан беа поразени од Напредак со 0-1, а тренерот Игор Дуљај не можеше да се помири со неколку судиски одлуки.

Дуљај по натпреварот го нападна судијата Никола Радаковиќ и очигледно имаше што да му каже по поразот на „црно-белите“.

За тоа време пристигнаа и свирежи од трибините, но летнаа и неколку предмети кон арбитрите. По натпреварот соблекувалната во која беа сместени судиите на овој меч беше каменувана.

Се вчитува...