Бразилскиот репрезентативец Едерсон доживеа необична ситуација откако во последен момент доби повик од бразилската репрезентација за Светското првенство.
Играчот од средниот ред на Аталанта потоа беше вклучен во тимот на Карло Анчелоти откако десниот бек Весли беше изоставен во последен миг поради повреда. Повикот го доби додека бил на на свадбата на негов пријател во неговиот роден град Кампо Гранде.
Бидејќи не беше меѓу 26-те играчи првично избрани, 26-годишниот Едерсон замина на одмор и никогаш не помисли дека ќе патува со својата селекција ова лето. Но, потоа дојде повикот што не можеше да го одбие.
Проблемот беше што неговиот пасош беше оставен во Рио де Жанеиро, повеќе од 1.400 километри од местото каде што се наоѓаше. Следеше вистинска логистичка трка со времето.
Пријателите брзо реагираа и успеаја да ги достават документите во Сао Паоло, од каде што Едерсон се упати кон Њујорк. Во меѓувреме, неговата сопруга брзо му го спакува куферот, а играчот од средниот ред одлета од Кампо Гранде до Сао Паоло, пред да се качи на речиси десетчасовниот лет до САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
