Хаос во Брно: Фаворитите излетуваа, Бањаја дојде до првата победа во сезоната

Во хаотичната трка на патеката во Брно, Франческо Бањаја излезе на врвот. Италијанецот на Дукати ја однесе својата прва победа оваа сезона, искористувајќи ги бројните инциденти и проблеми од своите конкуренти.

Зад него, целта ја помина јапонскиот возач Аи Огура , кој ја започна трката од најдобрата стартна позиција, додека Марк Маркез го освои третото место, комплетирајќи ја прославата на Дукати.

Спринт трката беше обележана со бројни падови и излетувања, а меѓу возачите кои не успеаја да ја завршат трката беше и лидерот во генералниот пласман Марко Безеки. Италијанецот на Априлија повторно изгуби поени по пад, што беше негово четврто откажување од спринт трки оваа сезона.

И покрај разочарувањето, Безеки го задржа водството во генералниот пласман во шампионатот. Тој има 180 поени, 15 повеќе од Хорхе Мартин. Шпанецот не можеше значително да профитира од грешката на Безеки и го заврши спринтот на петтото место.

Додека Бањаја славеше долгоочекувана победа, а Маркез повторно беше меѓу најдобрите, програмата во саботата во Брно покажа колку непредвидлив може да биде Мото ГП оваа сезона. Бројни падови и инциденти целосно го потресоа пласманот и најавија уште една возбудлива трка.

Чешката трка се одржува во недела во 14 часот, а по она што се виде во спринтот, малкумина се осмелуваат да го предвидат исходот.

Се вчитува...