Хаос во Будва – Гробари нападнале карате клуб во кој тренираат деца (ВИДЕО)

Навивачката група Гробари вчера направиле хаос во Будва, поради што беше одложен ватерполо натпреварот меѓу Приморац и Партизан.

Групата во базенот во Будва имала судир со полицијата. Уништила едно возило а фрлале и факели и солзавци. Тие го нападнале и карате клубот Будва во кој во тоа време тренинг имале деца до седум години. Потезот на навивачите на Партизан веднаш беше осуден од страна на Ватерполо федерацијата на Србија.

„Нивната намера очигледно беше спортскиот натпревар да го претворат во полигон за ширење на националистичка, политичка и верска омраза, нешто што на спортските борилишта не смее да му биде место“, стои во соопштението од Ватерполо федерацијата на Србија. 

 

 

Се вчитува...