Хаос во Дортмунд, скршени стакла на автобусот, Бартра во болница

Неочекуван инцидент се случи на нешто повеќе од еден час пред натпреварот меѓу Борусија и Монако откако медиумите јавија дека дошло до експлозија во близина на автобусот што ги пренесувал фудбалерите на Борусија Дортмунд кон стадионот.

Весникот „Билд“ обелодени само кратка информација за експлозија во автобусот на пат кон стадионот, воедно додавајќи дека дефанзивецот Марк Бартра е испратен во болница. Сериозноста на повредите на шпанскиот фудбалер не се обелоденува, но ситуацијата не е наивна, а весникот најавува дека е можно натпреварот воопшто да не се игра денеска.

На патот кон стадионот дојде до експлозија во близина на автобусот што го носеше нашиот тим. Едно лице е повредено. На теренот има полициски сили, повеќе информации наскоро“ – порача Борусија Дортмунд преку својот официјален твитер-профил.

Дефинитивно во Дортмунд владее хаос, а повеќе детали сигурно ќе има во периодот што следи.

Се вчитува...