Хаос во Хрватска: Навивачи на Хајдук нападнале полицајци, употребено и огнено оружје

Немили сцени се топ тема во Хрватска откако синоќа дојде до голем неред на автопатот А1 помеѓу Загреб и Караловац. Имено, по натпреварот помеѓу Динамо и Хајдук дошло до масовен спор помеѓу навивачите на сплитскиот клуб и полицијата. Во конфликтот учествувале повеќе од стотина личности, а полицијата била приморена да употреби и огнено оружје.

Полицијата била нападната од страна на стотина навивачи на Хајдук, а епилогот е десетина повредени полицајци, а неофицијално застрелани се две личности.

„На ден 21. мај околу 21:35 во текот на организирана полициска придружба на околку 1600 навивачи на Хајдук во автобуси, комбиња и лични автомобили од натпреварот во Загреб, самоиницијативо застанаа на автопатот А1 кај одморалиштето Десинец и на тој начин ги блокираа сите ленти во правецот кон Карловац, а потоа и покрај предупредувањата и полициските наредби, неколку стотина од нив нападнаа со физичка сила и предмети кои нанесуваат повреди.

Полициските службеници поради одбивање на нападот кон себе употребија присилни средства, вклучувајќи и огнено оружје, по што колоната е повторно доведена во ред“, стои во соопштението од полицијата.

Повеќе информации и видеа од настанот може да најдете ТУКА.

Се вчитува...