Хаос во Италија, мораше да се јави Милан: Франко Барези не е мртов

Италијанската спортска јавност синоќа беше потресена од информацијата за смртта на Франко Барези, легендарниот дефанзивец на Милан кој веќе подолго време се бори со тешка болест.

За среќа, тоа се покажа како лажна вест, откако во вечерните часови со соопштение се јави Милан објавувајќи дека легендата на „росонерите“ не починала во текот на денот како што пишуваа бројни медиуми, меѓу нив и весникот „Кориере дела сера“.

„Милан ги демантира лажните вести за Франко Барези кои се појавија во јавноста. Франко минува низ чувствителен период, а клубот е со него и со неговото семејство давајќи му целосна поддршка. Ги повикуваме сите да ја почитуваат неговта приватност и да не шират информации кои немаат никаква основа“, се вели во соопштението на Милан.

Франко Барези моментно е хоспитализиран во болницата „Хуманитас“ во Розана, недалеку од Милано каде се наоѓа под целосен лекарски надзор. Во јавноста се нема појавено од февруари годинава, кога заедно со легендата на Интер и некогашен ривал, Бепе Бергоми, беше дел од промоцијата на Зимските олимписки игри.

Се вчитува...