Хаос во Израел: Хапоел остана со еден играч на терен, мечот беше прекинат

Натпреварот помеѓу Хапоел Тел Авив и Бнеи Херзлија заврши по првото полувреме поради недостаток на домашни играчи на теренот.

Хапоел објави дека поради штрајкот на Синдикатот на играчи од израелската Суперлига, нема да можат да сметаат на поголемиот дел од својот состав и дека само петмина играчи му биле на располагање на Димитрис Итудис за дуелот против третопласираниот тим. 

Дури 79:50 беше во текот на првата половина од дуелот кој не продолжи бидејќи четворица кошаркари на Хапоел имаа пет прекршоци поради кои на теренот остана само Џонатан Мотли.

Итудис одлучи да го зачува здравјето на своите играчи бидејќи не беше реално сите да играат цели 40 минути.

Се вчитува...