Хаос во Мајами: Џејк Пол му ја „собра“ капата на Мејведер, следеше жестока тепачка (ВИДЕО)

Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Флојд Мејведер и Јутуб ѕвездата Логан Пол во Мајами го најавија својот боксерски меч по кој настана вистински хаос откако братот на Логан Пол, Џејк Пол ја „собра“ капата на Мејведер, кому овој потег воопшто не му се допадна.

Мејведер, кој претходно изјави дека е во состојба во една вечер да ги „пребие“ двата браќа, жестокот реагираше и започна тепачка со Џејк пред новинарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ariel Helwani (@arielhelwani)

„Ќе те убијам кога ќе те фатам“, велеше боксоерот кој во досегашниот дел од кариерата на 50 борби има и 50 победи.

По целата ситуација се огласи и Џејк Пол на својот Твитер профил кој напиша дека му ја украл капата на Мејведер бидејќи со неговите досадни борби тој ги краде парите на луѓето.

Се вчитува...