Хаос во ПСЖ: Мбапе побара трансфер, не сака да игра со Меси

И додека ПСЖ уверува дека Мбапе ќе остане и покрај фактот дека Лионел Меси ќе се приклучи на тимот на Покетино, шпанскиот новинар Андрес Онрубија Рамос најавува дека францускиот напаѓач побарал да си замине од Париз.

Најдобриот млад фудбалер на СП 2018 и одличен француски репрезентативец, Килијан Мбапе, е свесен дека со доаѓањето на Меси повеќе нема да биде во преден план и дека Аргентинецот ќе го преземе водството, па неговото заминување од ПСЖ до крајот на август е многу извесно.

Се разбира, веќе долго време се пишува за желбата на Реал Мадрид за негово доаѓање, но прашање е дали „кралевите“ имаат финансиски средства за овој трансфер.

Меѓутоа, ако нема да имаат од мадридски клуб, познато е дека постојат неколку клубови во Англија кои би можеле да соберат доволно пари, а тоа се великани како Сити, Јунајтед или Челси и Ливерпул.

Ако ваквиот развој на настаните се покаже како точен, тогаш се чини дека нема да има ништо од најсмртоносниот фудбалски напад, а кој требаше да го направат Меси, Нејмар, Мбапе.

 

 

 

Се вчитува...